ТРАГЕДИЈА: Тешко повреден работник во Драчево – ампутирана му е ногата


Работник во приватна фирма попладнево беше тешко повреден. Несреќата се случила во скопско Драчево.

Работникот е  во критична состојба пренесен на КАРИЛ на Клинички, дознава Сител.

Како што пренесе Сител, 51-годишниот маж ги извршувал работните обврски, додега ископувал земја, со бушалица си ја фатил ногата.

Потоа се одвивала вистинска спасувачка драма.soobrakajka - brza pomos

Пристигнало едно возило на Итна медицинска помош, кое веднаш побарало засилување. Цели тимови на доктори се обидувале да помогнат. Дежурните служби експресно се екипирале, на лице местото пристигнал анестезиолог кој успеал да го одржи пациентот во живот пред да дојде во рацете на хирурзи и трауматолози.

Докторите со часови се обидуваа да помогнат, но не успеаја да ја спасат ногара расечена од бушалица.

Работникот остана без нога, која мораше да му биде ампутирана.

Како што јави Сител, на скопската клиника се уште се санираат последиците од несреќата, а пациентот е надвор од животна опасност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1