Телото на 10-годишното момче од Ниш, Сејдо Маличевиќ, чие исчезнување беше објавено во петокот, на 2 септември, денеска е пронајдено во близина на Медошевачкиот мост, соопштиле од полицијата.
Неговото тело испливало од реката Нишава.
Увид на местото на настанот извршил заменикот на јавното обвинителство во Ниш.Неговата мајка, Дијана Јовиќ, изјавила дека го пратила до продавница, меѓутоа момчето не стигнало до неа.