Во пресрет на мечот од Евролигата меѓу Галатасарај и Црвена Звезда, велерва убиен е еден навивач на „црвено-белите“, јавуваат српските медиуми. Според информациите, 25-годишниот навивач е од Земун, а прободен е смртно со нож во жестоката пресметка меѓу фановите на двата клуба што се случила непосредно пред мечот бо Истанбул.
Група од 400 навивачи на белградскиот клуб била нападната од навивачи на Галатасарај пред салата Абди ипекчи, во која не им бил дозволен влез, иако имале билети. Во општата тепачка 25-годишниот М.И. добил смртоносни повреди со нож.
навивачите на турскиот клуб ги нападнале српските навивачи со камења и факели, извикувајќи „Косово, Косово!“. Засега нема подетални информации за оваа навивачка трагедија, а полицијата во Истанбул трага по убиецот.