Пуштени на слобода дел од притворените во акцијата „Јагула, првоосомничениот задржан во притвор


Дел од приведените лица во полициската акција „Јагула“, се пуштени да се бранат од слобода, откако дале исказ пред истражните органи, неофицијално дознава OhridNews. На дел од приведените, меѓу кои е и поранешниот градоначалник на Охрид А.П. и раководители на сектори во општина Охрид, изречена им е мерка притвор.

v18-150x150

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР осомничи 16 лица дека во континуитет, во периодот од 2007 до 2013 година, биле инволвирани во криминални активности поврзани со злоупотреби при спроведување на постапки за јавни набавки. Како организатори фигурираат шест лица од Охрид на возраст од 38 до 59 години, додека како помагачи биле инволвирани уште 10 лица, од кои 9 од Охрид и едно од Струга.

Полицијата ги товари осомничените за злосторничко здружување и финансиски малверзации при што го оштетиле Буџетот на Општина Охрид во износ од вкупно 47.869.817,00 денари, а се стекнале со противправна имотна корист од 148.684.616,00 денари од спорни јавни набавки.

Во тие средства се вклучени 2.284.641,00 денари, лична корист на првопријавениот, а при тоа извршување на кривичното дело перење пари легализирале и противправна имотна корист во вкупен износ од 15.892.700,00 денари. Покрај ова, првоосомничениот се товари и дека побарал и примил поткуп во вкупен износ од од 734.641,00 денари исплатен од две лица, соопшти МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1