Трагедија во Битола: Машина смачка работник


На 20.09.2016 година околу 13:40 часот во Битола во просторот на станбено деловениот објект во изградба лоциран на ул.„Васко Карангелевски“во сопственост на ГП-Пелистер, З.М.(47) од Битола возач на работна машина „Бобкет“,извршувајќи работни задачи насипување на стопи, враќајки се наназад удрил во работниците Т.М.(56) од с.Крклино (кај кого не се констатирани телесни повреди) и Ј.Е. (63) од Битола, кој откако бил изваден од под машината, со возило на итна медицинска помош бил префрлен во ургентен центар при Клиничка болница -Битола, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на ЈО телото на починатиот е дадено за обдукција.bolnica_bitola

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1