Ќ.М. (70) од село Долна Бањица, гостиварско, вчера, додека работел на нива, бил повреден од заскитан куршум.
Како што соопшти МВР, куршумот му нанел повреда во пределот на ногата по што му е укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.