Трагедија во Куманово: Трудница не се разбуди од анестезија


Уште една голема трагедија ја потресе македонската јавност. Трудница од Куманово синоќа почина на пат кон скопските Клиники, откако примила анестезија.

МВР информира дека и покрај сите напори на лекарите да ја реанимираат, трудницата не се разбудила по примената анестезија во кумановската болница. Се работи за 37-годишната Слаѓана Д. која инаку остави три дечиња зад себе.

Во 20 часот на скопските Клиники била констатирана смрт.KUMANOVO_

37-годишната Димитровска предходно со анестезија била породена во кумановската болница но, по операцијата не се разбудила поради што со возило на брза помош бил започнат транспортот кон скопските клиники.

Смртта, според полицијата, настапила за време на транспортот. Во јавен допис до медиумите Ашмет Елезовски, од Националниот ромски центар „Куманово“ објави дека вчера во 13 часот невенчаниот сопруг на Димитровска, Елвис Јусуфов бил известен од медицинскиот персонал дека добил син. Но, за компликациите семејството добило информации многу подоцна. Ова е петто дете на димитровска таа е веќе мајка на четири деца.

Телото е дадено на обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1