Мотоциклист загина во железничка несреќа која утринава околу 8 часот се случила кај кумановското село Романовце.
Патнички воз кој сообраќал на релација Табановце-Скопје удрил во 43 годишниот мотоциклист Ивица В.
Од здобиените повреди Ивица починал на лице место.
Полицискиот увид е во тек.