ТРАГЕДИЈА ВО МЕКА: Падна кран врз најголемата џамија – многу загинати (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)


Официјални лица од Саудиска Арабија соопштиле дека кранот се урнал врз џамијата Маџид ал Харам поради невреме. Џамијата е изградена околу најсветата локација во исламот.

Бројот на загинатите по превртувањето на кранот во Големата џамија во Мека се зголеми на 87, а повреден е 201 човек , соопштија ноќта кон саботата саудиските власти.meka djamija zaginati

Според првичните сознанија, се претпоставува дека кранот се превртел поради силната бура којашто траеле околу половина час, и го пробил таванот на градбата. Несреќата се случи кусо пред почетокот на годишниот хаџ. Саудиските власти минатата година од безбедносни причини го ограничија бројот на луѓе за хаџот, додека траат работите на обновувањето на Големата џамија.

Трагичниот инцидент се случи во главната и најголемата џамија во светот ал-Харам. Повеќето од жртвите се аџии кои одат на хаџ по светите места во исламот. Саудиските медиуми наведуваат дека според прелиминарните сознанија на полицијата, причината за падот на кранот, кој го пробил покривот и паднал директно врз стотиците верници во ткн источна област, биле силните налети на ветрот и дождот.

Во продолжение на ноќта на местото на несреќата работат спасувачки и екипи за пружање итна медицинска помош. Веднаш по инцидентот биле испратени 90 амбулантни возила, а болниците во Мека и сите градски служби се подигнати на ниво на вонредна состојба.

Засега нема информации на националноста на жртвите и настраданите во несреќата. Според медиумите, голема е веројатноста повеќето од жртвите да се странски аџии. Се наведува дека попрецизните информации нема да бидат соопштени пред саботата наутро.

На видео снимките и фотографиите емитувани на саудиските и медиумите во регионот, направен од очевидци на несреќата, се гледаат десетици тела на загинати. На местото каде што кранот го пробил покриво видливи се остатоци од таванот и бетонски плочи, како и делови од кранот.

Во Ал-Масџидал-Харам (Светата џамија) се чува главната светија на исламот – Кааба, „коцката“ во центарот на џамијата. Таа за муслиманите претставува „папокот“ на светот и она што Алах прво го создал.

Саудиските власти од пред две години спроведуваат голема реконструкција, со којашто е планирано зголемување на површината на џамијата до 400.000 квадратни метри, што ќе овозможи истовремено да прими околу 2,2 милиони луѓе.

Несреќата се случи само десетина дена пред почетокот на главните обреди од хаџот по светите места во Мека и Медина, кои ќе се одвиваат годинава од 21-ви до 26-ти септември. Кулминацијата на големиот аџилак ќе биде на 23-ти септември, главниот празник на исламот Ид ал-Адха – Курбан Бајрам, односно празникот на принесувањето жртва.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1