– Педесет и седумгодишен неготинец загинал денеска од струен удар, потврди вечерва Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Несреќниот случај настанал кај трансформатор во Неготинско. Засега нема повеќе детали за околностите во кои се случила несреќата.