Трагедија во Охрид – починал менувајќи улична светилка


svetilkaНесреќата се случила вчера во охридското село Требеништа. Животот го загуби 56 – годишниот Благоја Л.

Како што информираат од МВР, Благоја се качил на бандера, сакајќи да замени улична светилка која била прегорена. Тој некако изгубил рамнотежа по што од бандерата паднал на земја.

Благоја со возило на Брза помош итно бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“, но лекарите таму констатирале смрт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1