Маж со иницијали М.Р (65) наводно зет на поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ изврши самоубиство во центарот на Белград.
Неговото безживотно тело е пронајдено во понеделникот околу 13 часот во паркирано возило „Фијат 500“ во Белград.
Како што дознаваат српските медиуми тој си пукал во слепоочницата со пиштол кој бил во негова сопственост, а лекарите само ја констатирале неговата смрт.
Инаку тој бил зет за единствената сестра на поранешниот претседател Тадиќ, која е професионален психолог и била пет години постара од својот брат Тадиќ.