Трагедија во Скопје: Почина четиригодишно девојче


Четиригодишно девојче почина во болница откако вчера во 13.30 часот во Скопје, беше прегазено на ул. „Цветан Димов“.

До соoбраќајната незгода дошло кога автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано Б. Б. (62) од Скопје удрил во четиригодишното девојче, пешак, од с.Моране. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што со друго возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде по укажаната лекарска помош, во 21.30 часот истата починала.urgenten brza pomos klinika

По незгодата Б.Б. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Истиот е задржан во полициската станица во Бит Пазар, а денеска ќе биде изведен пред надлежен судија.

Во врска со настанот еден полициски службеник се здобил со повреди. Истиот, при преземање службени дејствија, односно при обид да спречи лица да го нарушат Јавниот ред и мир се лизнал и се самоповредил, при што бил префрлен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1