Трагедија во Србија: Пукал во девојката, па си пресудил самиот


По жестока расправија во автомобил,  Веран Јанковиќ (42) од Шабац тешко ја ранил Лилјана Глигориќ (50), па си пукал во главата.

Трагедијата се случила вчера околу 16 часот на улица „Крал Милутин“, во близина на автобуската станица во Шабац. Според изјавите на сведоците, парот се паркирал со црвено Рено Меган во близина на продавница за авто делови, па следела жестока расправија. Инаку, Веран и Лилјана имале бурна љубовна врска, во која биле две години.

policija srbija

По расправијата, Лилјана излегла од колата, а по неа и Веран кој пукал три пати со пиштолот, па се вратил во автомобилот и си пресудил самиот себеси. По доаѓањето на амбулантското возило, Лилјана била пренесена во локалната болница со куршум во ногата и два во стомакот и се уште се бори за живот.

Веран имал дозвола за носење на оружје а бил познат по тоа што сакал времето да го поминува со разни девојки, па изгледа дека тоа било причината за жестоката расправија, а претходно се развел токму поради таквите авантури.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1