Славниот пејач на Iron Maiden призна: Фатив рак на јазикот поради оралниот секс


Брус Дикинсон им советува сите кои практикуваат овој начин на сексуален контакт, да се прегледаат и да бидат внимателни20150903.vcqgtxlqcb

Брус Дикинсон, вокалист на групата Iron Maiden претпостави дека болеста од рак на јазикот кај него би можело да се добие од практикување на орален секс, соопшти NME. Според него, токму тогаш тој го фатил  вирусот  кој довел и до појава на канцерогени клетки во задниот дел на јазикот Познатиот музичар веќе помина седум неделен курс на хемотерапија поради болеста, а концертите на групата од мај досега беа одложени. “

Сите си прават шеги со Мајкл Даглас, кој исто така смета дека оралниот секс доведува до сериозни проблеми, но тоа навистина е многу сериозно. Според мене, стотици илјади луѓе се подложени на ризик и треба да се прегледуваат редовно “, рече уште Дикинсон. Тој е цврсто убеден дека ќе се бори со предавничката болест, откриена на неговиот јазик во декември 2014 година и повторно ќе може да ја  продолжи својата кариера на музичар

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1