Трагедија во Струга: Маж се удави – со автомобил паднал во Црн Дрим


Четириесет и осум годишниот Невзат М. од Струга попладнево го загуби животот откако со својот автомобил паднал во Црн Дрим.drim

Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила околу 17:20 часот на патот Охрид-Струга, на влезот од Струга. Невзат од засега неутврдени причини паднал со својот автомобил во реката и се удавил кога автомобилот целосно се нашол под вода.

Жители на населбата велат дека тој се враќал наназад со автомобилот пред да падне во реката.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што ќе бидат познати деталите под кои околности се случила истата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1