ТРАГЕДИЈА ВО ВЕЛЕС: Дете правело „селфи“ на воз – го удрило струја од жиците


Машко дете на возраст од 14 години е тешко повредено од струен удар на железничката станица во Велес. Околу 12 часот и 15 минути во Секторот за внатрешни работи било пријавено дека детето се здобило со тешки повреди откако се качило врз вагон што бил паркиран на железничката станица, јавува порталот Дума.vozzz500

Вагонот бил под висок напон. Детето веднаш било префрлено во велешката болница каде му била укажана лекарска помош.

Според доктор Граматов, хирург во велешката болница, детето било со изгореници на големи површини од телото кои го загрозувале неговиот животот. Поради тоа лекарите одлучиле веднаш да биде транспортирано во Центарот за изгореници во Градска болница во Скопје.

СВР Велес изврши увид на местото на несреќата и ќе ги утврдува причините поради кои дошло до инцидентот на железничката станица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1