Tрагедија за српска пејачка: Сопругот ја испратил во „Фарма“, па починал!


Пејачката Данијела Стоиљковиќ Ела (35), пред самото влегување во реалното шоу „Фарма“ доживеа семејна трагедија. Нејзинот сопруг Александар Стоиљковиќ почина, откако ја испрати во карантинот на шоуто, пишува српски „Блиц“.

Александар ја оставил сопругата до местото каде што ќе се одржува шоуто „Фарма“, а само 10 минути подоцна починал од срцев удар, пишуваат српските медиуми.hitportal-daniela

Според првичните информации, тој враќајќи се во Белград, застанал на бензиската пумпа да купи сок. При излегувањето од пумпата паднал. Итната помош набрзо дошла, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Александар и Данијела биле заедно веќе 17 години. Важеле за идилична и складна двојка.

Имено, ноќта пред почетокот на српското реално шоу Фарма се случила уште една трагедија. Пејачот Ненад Савановиќ, кој требало да учествува во реалното шоу, починал во 50-тата година од животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1