Трагичен исход од потрагата: Пронајдени телата на двете момчиња, по третото се трага


Во коритото на реката Лашва утрово е пронајден автомобил ауди во кој имало две тела.

Припадниците на босанската полиција од саботата го бараа автомобилот со кој се превезувале тројца тинејџери од Зеница.zenicamladici-102813

Полицијата потврди дека утрово околу 10 часот во реката е забележана гума од автомобил по што тој е извлечен од водата, а внатре се пронајдени телата на Хусеин Делиќ и Алмен Беговиќ, додека по третото момче од Зеница Амар Козлиќ се уште се трага.zenica-potraga-foto-printscreen-facebook-1486381420-1098825

Момчињата исчезнаа во саботата откако излегле од дискотеката „Лабел“ во Витез. По излегувањето од дискотеката им се губи секаква трага. Поради тоа во неделата нивните семејства ја алармираат полицијата и јавноста да се вклучат во потрагата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1