Трајковски: Сега моите двете деца ќе знаат кој го затвори нивниот татко


Обвинетиот Влатко Трајковски, кој доби 15 години затвор за настаните на 27. април своето произлегување пред судијата го започна иронично, дека ако го пуштат да се брани од слобода, веднаш ќе избега и ќе го остави своето семејство, на што тој беше опоменат од судијката иронијата да ја остави за после судењето.

„Внимавајте што зборувате, ги преминавте границите и вие и останатите обвинети, иронијата оставете ја за после судење“, кажа судијката.

„После оваа пресуда сфатив вие како претседател не ме осудивте, ме осуди политиката, поточно политиката. Сега моите двете деца ќе знаат кој го затвори нивниот татко и се надевам дека ќе продолжат онаму каде јас застанав. Ќе живеам за тој ден кога тие што ме обвинија за тероризам ќе седнат на оваа маса, да одговарат за злоупотреба на службена должност против веќе осудените за уништување на нашите животи“,- кажа Трајковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1