Тракторот не бил во лер, возачот не бил пијан – завршена обдукцијата


Во трета брзина бил менувачот на превртениот трактор, покажал првичниот извршен наод на судскиот сообракаен вештак по извршениот увид, информира денеска за Канал 5 истражниот судија од кочанскиот Основен суд.

prevrten-tr-407Со ова, се демантираат вчерашните изјави на очевидците дека секунди пред да се случи несреката трактористот возел со изгаснат мотор, односно во лер…

Обдукцијата на загинатиот возач 63 годишниот Миле Давитковски од селото Грдовци е извршена во текот на вчерашниот ден. Првичните резултати покажуваат дека кога го управувал тракторот, тој не бил под дејство на алкохол. Непосредна причина за неговата смрт е фрактура на черепот, но конечните резултати ќе бидат познати по две недели.

Сообраќајниот вештак утврдил дека директен повод за превртување на тракторот била неприлагодена брзина и конфигурацијата на теренот. Менувачот бил ставен во трета брзина а не во лер, како што претпоставуваа некои од сведоците на тешката несреќа кај кочанско Оризаре.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1