Трамп: Америка веќе нема да руши влади, започнува ера на мир


САД ќе престанат со обидите да рушат влади ширум светот и ќе соработува со други земји кои се борат против тероризмот, порача новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во текот на својата „турнеја на благодарност“. Трамп ветил почеток на нова ера и мир.tramp

-Ќе ја уништиме Исламската држава. Истовремено, ќе се придружуваме кон новата надворешна политика, која конечно учи на грешките од минатото. Ќе престанеме да настојуваме да рушиме режими и влади, рече Трамп во своето прво обраќање во рамки на „турнејата на благодарност“ во Синсинати, пренесува Вашингтон Егзаминер.

Тој нагласи дека САД ќе соработуваат со секоја земја што е заинтересирана да ја уништи ткн. Исламска држава.

Новоизбраниот претседател вети дека „ќе ги излечи длабоките рани на Америка“ наведувајќи дека земјата нема друг избор туку да се обедини и да ја отфрли нетрпеливоста.

-Ние сме мошне поделена нација, но нема да бидеме поделени уште долго. Ќе изнајдеме заеднички јазик и ќе постапиме како што треба. Осудуваме нетрпеливост и предрасуди во секаков облик и отфрламе јазик на исклученост и поделби, рекол Трамп пред повеќе илјади поддржувачи во арената во Синсинати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1