Трамп денеска полни 70 години и сè уште „нема влакна на јазикот“


Доналд Трамп, најизвесниот кандидат на републиканците за претседател на САД, денеска полни 70 години и ако победи на изборите во ноември, тој во јануари ќе стане највозрасниот човек досега на таа функција, јави ДПА.

Роналд Реган стапи на должност во 1981 година, само еден месец пред да наврши 70 години. Тогаш тој лукаво и во карактеристичен предизборен манир ги одбегна прашањата за својата возраст.tramp

– Нема да дозволам мојата возраст да постане тема на оваа кампања и нема да ја експлоатирам за политички цели младоста и неискуството на моите противници – рече тој тогаш.

Трамп од друга страна веројатно и нема да има такви предизвици од својата соперничка. Хилари Клинтон е само една година помлада, и ќе наполни 69 години само неколку денови пред изборите во ноември.

Пред точно една година за Трамп, како претендент, аналитичарите сметаа дека има многу мали шанси, и дека бргу ќе ги напушти прелиминарните внатрепартиски избори. Коментарите беа главно околу тоа дали Клинтон ќе се соочи со далеку помладите, динамичниот републиканец Марко Рубио или пак Тед Круз.

– Очигледната разлика во годините ќе биде неизбежна тема – предупредуваше аналитичарот Џефри Скели.

Сепак новајлијата во политиката Доналд Трамп прекрши многу досегашни шаблони и сфаќања, па сите тие предвидувања паднаа во вода. Тој дури и го нападна младиот Џеб Буш како „нискоенергичен” подметнувајќи слични такви индиректни квалификации и кон Клинтон.

Трамп се обидува да го замени имиџот на воздржан зрел државник, со подиректни политички битки „без многу влакна на јазикот“, користејќи „младешки финти“ и слични тактички удари. Тој има обичај да се истакнува на Твитер и другите социјални мрежи, да се фали колку многу пријатели и „следбеници“ има на нив.

И Трамп и Хилари се присутни во јавноста повеќе десетлетија – Трамп како важен играч на пазарот за недвижнини во Њујорк, но и како ѕвезда од телевизиски реални шоуа, а Хилари – прво како прва дама на САД, а подоцна сенатор и државен секретар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1