Трамп го дал првото интервју како претседател – Она што го кажа стаписа многумина (Видео)


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјавил дека смета дека мачењето на затворениците е делотворно, бидејќи, како што оценил, “против оган мораме да се бориме со оган”.

Во првото телевизиско интервју од инаугурацијата, кое го дал за TV ABC, претседателот на САД рекол дека ќе се посоветува со секретарот за одбрана Џејмс Матис и со директорот на ЦИА, Мајк Помпео, за тоа што може, а што не, легално да се прави во борбата против ширењето на радикализмот.donald-tramp-bombardovanje-srbije-1999-735x400

Тој изјавил дека службениците во разузнавачките служби му кажале дека мачењето како дел од испрашувањето на затворениците е “делотворно” и дека тој апсолутно повторно би го вовел “waterboardingot” – мачењето со вода кое дава чувство на давање.

“Кога пукаат, им ги сечат главите на нашите луѓе и другите народи, кога им ги сечат главите на луѓето само затоа што се христијани на Блискиот исток, кога ИСИС прави работи за кои никој не слушнал уште од средновековното време, дали би требало да се противам на мачење со вода. Ако се прашувам јас, треба на огнот да вратиме со оган. Зборував со луѓе од највисоките нивоа на разузнавачките служби и им го поставив прашањето: “Дали делува? Дали мачењето делува?”. Одговорот беше – “Да, апсолутно””.

Трамп рекол дека ќе разговара со Помпео и Матис и дека ќе се сложи со тоа што тие ќе го одлучат по ова прашање.

Интервјуто уследило по објавувањето на извештајот дека Трамп се подготвува да потпише наредба со која повторно ќе се затвораат лица осомничени за тероризам на тајни локации, таканаречени “црни места”.

Со ова би биле отстранети ограничувањата на принудните техники за испрашување, кои биле воспоставени по долгогодишните воени упатства наменети да обезбедат хумано воено испрашување, кое би било во склад со Женевската конвенција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1