Го оставиле да умре: Мигрант се удавил во канал во Венеција, луѓето му се смееле и го снимале (Видео)


Италијанските власти отвориле истрага откако на интернет се појавило видео од инцидентот на кое се слушаат расистички навреди.
Мигрант од Африка се удавил во Големиот канал во Венеција, додека туристите и мештаните ја снимале сцената со своите мобилни телефони.migrant venecija

Момчето по име Патех Сабали, инаку 22-годишен Гамбиец, скокнал од пристаништето во вода и допливал до средината на каналот.

Стотина луѓе присуствувале на инцидентот, а најмалку три појаси за спасување биле фрлени во водата покрај момчето, но тој одбил да се фати за нив, што многумина натерало да се посомневаат дека Гамбиецот сакал да се самоубие. Никој од присутните не скокнал за да му помогне, пишува Mirror.

“Глупав е. Сака да умре”, вели едно лице, додека друго му дофрла да се врати од каде што дошол.

Сведоците во еден момент почнале да се смеат, а еден од присутните вели дека треба да го остават да умре. Неговото безживотно тело подоцна било извлечено од водата.

Еден таксист за локалните медиуми рекол дека момчето се фрлило во водата и дека му биле фрлени појаси за спасување, но дека тој одбил помош.

“Беше очаен. Не знам која е неговата приказна. Рекоа дека е Африканец. Кој знае низ што минал, колку мориња и пустини преминал? И дојде да умре во најубавиот град на светот”, рекол еден таксист.

Повеќе од 180.000 мигранти пристигнале со бродови во Италија во 2016-тата година, што е 18 проценти повеќе отколку во 2015-тата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1