Во заедничкиот напад на Курдите и на американските сили на северот на Сирија е убиен и вториот човек на Исламската држава,
Сириските демократски сили (СДФ), во кои главен дел се од курдската ППГ, објавија дека ја таргетирале целта во близина на сирискиот пограничен град Џараблус, според разузнавачките информации обезбедени од СДФ и американската војска.
Главниот командант на СДФ, Мазлум Абди, рече дека нападот е „продолжение на претходната операција“ во која загина Абу Бакр ал-Багдади, водач на ИД.
Водачот на Ид, Абу Бакр ал-Багдади, беше убиен во операцијата на американските специјални сили во североисточна Сирија во текот на ноќта во неделата, што и нанесе сериозен удар на џихадистичката група.
Абди на Твитер напиша дека портпаролот на ал- багдади бил мета во селото Аин ал-Бајд.
Во обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп , тој изнесе детали за тајната воена акција во Сирија , каде американските војници го убиле водачот на ИД , Абу Бакр Ал Багдади.
Синоќа Америка го донесе пред лицето на правдата терористот број еден на светот. Абу Бакр ал-Багдади е мртов, рече Трамп на почетокот на обраќањето.
- Тој беше основач на ИСИС, најсуровата терористичка организација на светот, го баравме со години, неговото апсење и убиство беше врвен приоритет на мојата администрација. Нашите сили, во опасен и смел ноќен напад во северозападниот дел на Сирија во голем стил, ја завршија задачата, тие беа одлични. Никој од нив не беше убиен, додека многумина придружници на Багдади беа убиени, рече Трамп.
Тој откри и неколку детали за операцијата. Објасни дека американските специјални сили од тунелот под тврдината во која се криел Багдади, извлекле и спасиле 11 деца. Трамп додаде дека во операцијата биле вклучени и кучиња.
- Нашите кучиња го бркаа низ тунелот, а тој истрча и ги натера своите три деца да трчаат со него. Кога стигнаа до крајот на тунелот, активираше експлозивен елек, убивајќи се себеси и неговите три деца. Неговото тело беше осакатено, но на лице место утврдивме со анализа дека тој е дефинитивно тој. Негативецот, кој работеше толку напорно за да сее страв , во неговите последни моменти, беше преплашен и во паника, исплашен од гонењето , рече Трамп и додаде дека акцијата траела околу два часа.
- Земавме чувствителни документи за ИСИС, нејзиното потекло и планови. Падот на Багдади ја покажува решеноста на Америка да ги прогонува терористичките лидери. Дофатот на нашите раце е многу долг, рече тој, истакнувајќи дека во неодамнешната акцие е убиен и синот на Осама бин Ладен, кој беше предодреден да биде нов лидер на Ал Каеда.
Трамп уште еднаш рече дека Багдади умрел како кукавица.