Лидерите на Соединетите Американски Држави и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун потпишаа договор по историските разговори кои се одржаа во Сингапур.
Двајцата лидери во собата каде што го потпишаа договорот пристигнаа заедно.
Трамп изјави дека беше потпишан „многу важен, прилично сеопфатен договор“.
-Денеска го одржавме историскиот состанок и одлучивме историјата да ја оставиме зад нас. Светот ќе види голема промена. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Трамп поради овој состанок, изјави Ким.
По давањето на изјави, двајцата се ракуваа и го потпишаа документот.
Британски Гардијан пишува дека се уште не е јасно што е потпишано. Трамп изјави дека за кратко се ќе стане појасно и оти тој ќе договорот ќе го дискутира на прес-конференција која треба да се одржи денеска, но и дека договорот е „сеопфатен“.
-Многу добра волја се искористи за ова, многу работа, многу подготовки. Многу сме горди за ова што се случи денеска, изјави Трамп.
Вели дека врската меѓу светот и Северна Кореја ќе се смени со овој договор.
-Ние ќе се погрижиме за многу големиот и многу опасен свет, рече Трамп.
Трамп го игнонираше новинарското прашање за Ото Вармбир, американскиот студент кој беше држен во работнички камп во Северна Кореја и почина многу кратко откако се врати во САД. Ким, исто така, избегна да одговори на прашањето дали има волја да се откаже од нуклеарното оружје.
По историскиот самит во Сингапур, претседателот на САД и севернокорејскиот лидер потпишаа декларација. Таа има четири точки и еве што пишува во нив.
Иако Доналд Трамп и Ким Џонг-ун не објавија веднаш што стои во декларацијата која е потпишана, таа е поделена на присутните новинари. Декларацијата содржи четири клучни точки.
1.САД и Северна Кореја се посветени на поставување нови односи меѓу двете земји во согласност со желбите на народот на двете држави за мир и просперитет.
2.САД и Северна Кореа заедно ќе работат на изградба на долготраен и стабилен режим за мир на Корејскиот полуостров.
3.Во согласност со Панмунјомската декларацја која беше потпиашана на 24-април, Северна Кореја се обврзува дека ќе работи на потполна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
4.САД и Северна Кореа се обврзуваат на враќање на воените затвореници и оние кои исчезнале во битките, што вклучува и враќање на оние кои се веќе идентификувани во своите земји.