Трамп ќе ја депортира Меланија ако го остави!


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја држи својата трета сопруга Меланија Трамп како заложник во Белата куќа и ѝ се заканува дека ќе ја протера од Америка ако се разведе од него. Овие експлозивни тврдења ги изнесува Омароса Маниголт-Њумен, која повеќе од 10 години соработувала со Трамп во неговото реално шоу „Приправник“, а тој ја вработил како шеф за комуникации во Белата куќа откако станал претседател.

Одмаздољубив и опасен

Трамп и Омароса неславно се разишле пред извесно време, кога почнала нивната војна во медиумите. Таа него го обвинила дека е расист, а тој неа дека е неспособна. Омароса новите обвиненија ги изнела во својата книга „Надвор од контрола“ (Unhinded).

– Ако Меланија се обиде да се разведе додека Трамп уште е претседател и така го понижи пред целиот свет, тој ќе ја депортира. Ќе пронајде начин да ја казни. Трамп е претседател што порачал дека би можел себеси да се помилува во случајот со истрагата што ја води Робер Мјулер. Зошто не би можел да се премисли и во врска со издавање виза? – рекла Омароса.

Меланија во САД влегла во 1996 година со туристичка виза, а во 1998. година добила престојувалиште врз основа на своите извонредни способности, што е познато како Ајнштајнова виза. Таа и Трамп се запознале во 1998, а се венчале во 2005 година. Меланија добила државјанство во 2006 година.

Одбројува до разводот

Многумина се прашуваат како Меланија добила работна дозвола и кои се нејзините „извонредни способности“, имајќи предвид дека била обична манекенка.

– Изгледа дека Доналд е многу свесен за начинот на кој Меланија дошла до визата. Тој е многу одмаздољубив и опасен. Убедена сум дека Меланија ги брои неговите минути до заминувањето од власта за да се разведе – заклучила Омароса.

Сара Сандерс, портпаролка на Белата куќа, претходно сите наводи од книгата на Омароса ги нарекла „лажни обвинувања“.

Трамп по доаѓањето на власт, ја заострил имиграциската политика. Според претходните правила, депортација се спроведува само доколку непријавени имигранти учествуваат во насилни кривични дела. Трамп донесе одлука да се депортираат сите лица што го прекршиле законот.

Упатените во имиграциската политика велат дека овие правила може да се применат и на првата дама, која во САД заработила 20.000 долари додека имала само туристичка виза.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1