Трамп не дозволи објавување на стотици документи за убиството на Кенеди


Американскиот претседател Доналд Трамп го блокира објавувањето на повеќе стотина документи за убиството на Џон Кенеди во 1963 година, прифаќајќи го апелот од ЦИА и ФБИ тие документи да останат тајни, соопштија високи претставници во Белата куќа.

Тој наложи тие документи да бидат предмет на шестмесечна ревизија, но дозволи Националниот архив да објави други 2.800 доверливи материјали.

Не се очекува нивното објавување да донесе спектакуларни откритија во врска со атентатот на поранешниот претседател на САД на 22 ноември 1963 година.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова вчера изјави дека обидите за поврзување на Русија со атентатот на Џон Кенеди се „дивјачки инсинуации”, кои предизвикуваат „шок”.

Повод за таквата изјава на Захарова беа написите во американските медиуми дека при престојот на убиецот Ли Харви Освалдво во СССР, тој имал можност да воспостави контакт со советските тајни служби и да помине соодветна обука.

– Со децении информацијата беше со назнака доверливо…Ако дури и околу оваа тема почнуваат да се прават дивјачки инсинуации во контекст на Руската Федерација, може само да се жали за тоа, затоа што ние сакаме информации, а не дезинформации, изјави таа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1