Трамп откри зошто пропаднале преговорите со Ким: Еве што бараа од мене – не можев да се согласам на тоа


Американскиот претседател Доналд Трамп и се обратил на јавноста откако Белата куќа потврдила дека не бил постигнат договор со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

“Ким прифати да ја денуклеаризира Северна Кореја, но бараше од мене да се укинат сите санкции. Не можевме да го прифатиме тоа. Ќе работиме и понатаму на тоа. Сите санкции остануваат. Многу добар пријател сум со Ким и Северна Кореја, имаат многу потенцијал”, рекол Трамп.

“Ким сакаше санкциите да се укинат. тоа би било голема отстапка. Ја знаеме секоја педа од таа земја, верувале или не. Мораме да го добиеме тоа што сакаме да го добиеме. Сакам да го задржам односот и тоа ќе го направам. Ким вчера ми вети дека без разлика на се, нема да изведува нуклеарни тестови”, рекол Трамп.

“Не беше најдобар момент да се потпише било што”, рекол Трамп, зборувајќи за пропаднатите преговори.

Трамп рекол дека можеле нешто да потпишат и денес, но не било прикладно.

“Имавме дури и документи, но не беше прикладно. Повеќе сакам да направам нешто добро, отколку само да направам нешто и секогаш сум подготвен да си заминам. Не смеете да се плашите да се повлечете од договор, јас не се плашам”.

Тој го пофалил Ким, и истакнал дека е задоволен од преговорите.

“Се се разделивме со Ким, имавме добри состаноци, но не мислев дека е паметно сега да се потпише нешто. Тој е интересен лик, имеме одличен однос. Ова беа два продуктивни денови”, рекол Трамп.

“Ким и јас се почитуваме еден со друг. Имаме многу многу добар однос”, рекол Трамп.

Трамп додал дека со лидерот на Северна Кореја се разделил во пријателска атмосфера. “Пријателски се раздвоивме, се ракувавме”.

Претседателот на САД зборувал и за сведочењето на својот поранешен адвокат, Мајкл Коен.

“Тоа не е точно и многу е интересно. Се обидував да гледам колку што можам, но бев малку зафатен. Неверојатно е што тоа се случува за време на овој важен самит. Тоа сведочење е срамно”.

Трамп најпрво ги повикал Пакистан и Индија да стават крај на судирот кој ескалирал претходните денови, а потоа ја прокоментирал и ситуацијата во Венецуела.

“Апелираме до властите да дозволат хуманитарната помош да дојде каде што е најпотребна”, додал Трамп.

Американскиот претседател ја одржал прес-конференцијата два часа порано од најавеното. Веднаш по истата се враќа во САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1