Трамп: Ова е многу заразна болест


Доналд Трамп го даде првото телевизиско интервју откако на 1. октомври му беше дијагностициран коронавирус. Трамп се појави вчера вечер на Фокс Њуз, каде рече дека се чувствува добро.

Во разговор со доктор Марко Сигел рече дека е повторно тестиран и дека е негативен или речиси негативен. Додаде дека не знае кога му е следното тестирање.

На прашањето како се чувствувал во болница рече дека бил уморен и дека ја немал енергијата која обично ја има. Рече и дека мисли дека можел и порано да ја напушти болницата откако зел лек.

„Сакаа да ме остават на надгледување, но јас сакав да си отидам уште првиот ден“, рече Трамп. Тој ја пофали болницата и лекарите кои се грижеле за него. Додаде и дека мисли дека е многу важно тоа што рано дознал дека е заразен.

На прашањето дали има идеја како се заразил од коронавирусот, Трамп рече:

„Не знам. Имавме некои големи настани во Белата куќа па можеби таму“, рече тој и додаде дека не може да биде сигурен.

„Има една работа која ќе ја научиш. Ова е многу заразна болест“, рече Трамп.

Додаде и дека денеска планира да одржи говор од терасата во Белата куќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1