Трамп победник во Јужна Каролина, Клинтон во Невада


Милијардерот Доналд Трамп обезбеди победа со 32,2 отсто гласови на првичните избори на Републиканската партија во американската држава Јужна Каролина.tramp

На второ место е сенаторот од Флорида, Марко Рубио со 22,5 отсто гласови. Сенаторот од Тексас, Тед Круз доби 22,3 отсто гласови. На четврто место со 7,8 отсто гласови е поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш кој се повлече од предизборниот натпревар.

Демократскиот кандидат за претседтаел на САД Хилари Клинтон однесе тесна победа во американската држава Невада над својот соперник Берни Сандерс.

По 57 отсто преброени гласови, Клинтон води со 52 отсто додека Сандерс доби 48 отсто. Победата на Клинтон во Невада навестува дека трката за номинација на демократски претседателски кандидат може да биде долга и неизвесна, наведуваат западни медиуми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1