Трамп поднесе жалби за гласањето во неколку сојузни американски држави


Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе жалби во Пенсилванија, Мичиген и Џорџија, поставувајќи основа за оспорување на гласањето во земјите каде заостанува зад демократот Џо Бајден.

Новите жалби, кои се приклучуваат на постојните тужби на републиканците во Пенсилванија и Невада, бараат подобар пристап на набљудувачите од штабовите до локациите каде се обработуваат и бројат гласачките ливчиња и изразуваат загриженост за гласањето во отсуство, соопштија од штабот на Трамп.

– Штабот на Трамп се обидува да интервенира и во случајот Пенсилванија во Врховниот суд, со прашањето дали може да се избројат ливчињата добиени до три дена по изборите, изјави заменик-менаџерот на кампањата, Џастин Кларк.

Републиканците исто така најавија дека ќе бараат пребројување на гласовите во Висконсин, држава каде АП вчера го прогласи и Бајден за победник.

Менаџерот на кампањата Бил Степиен ги наведе „неправилностите во неколку окрузи во Висконсин“, без да наведе детали.

Бајден вчера рече дека пребројувањето треба да продолжи во сите држави, додавајќи дека „никој нема да ни ја одземе демократијата, ниту сега ниту никогаш“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1