Трамп: Светот би бил подобар ако Гадафи и Хусеин беа на власт


Садам Хусеин би ги уништил терористите веднаш, а во Либија сега никој и не разбира што се случува

Кандидатот за претседател на САД милијардерот Доналд Трамп смета дека ситуацијата на Блискиот Исток би можела да биде многу подобра, ако во Ирак и во Либија не беа извршени државни преврати.donald tramp

“Погледнете го Ирак – порано таму немаше терористи Хусеин би ги уништил веднаш.А сега Ирак изгледа како Харвард за терористите. Јас не велам дека Хусеин беше добро момче – тој беше одвратно момче, но сега сè стана многу полошо. А во Либија никој не разбира што се случува “- изјавил тој во интервју за CNN.

Претходно Трамп изјави дека му се допаѓа како делува Русија во Сирија. “Путин  направи прав и пепел и ја  бомбардира ID. Путин треба да се спаси од ИД, бидејќи тој не сака таа да му  стигне до Русија “, изјавил  Трамп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1