Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп вчера се состана со републиканските лидери во Сенатот и Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мич Меконел и Пол Рајан.
Рајан, претседателот на Претставничкиот дом, разговорот го оцени како „фантастичен, продуктивен“. – Мислам дека ќе има некои апсолутно спектакуларни нешта за американскиот народ, нагласи конгресменот.
По средбата со Меконел, Трамп пред новинарите изјави дека неговите три приоритета остануваат имиграцијата, здравството и нови работни места.
– Треба што поскоро да се зафатиме со работа, без оглед дали станува збор за здравствената заштита или имиграцијата, рече Трамп.
На претседателските избори во вторникот, на коишто победи Трамп, неговата Републиканска партија го задржа мнозинството во Конгресот.