Трамп удри врз Сирија: САД испали 59 проктили врз Сирија, Британија и Франција биле известени


Шест мртви, десетина ранети. САД рано утрово, по наредба на претседателот Доналд Трамп, изврши воздушен напад врз Сирија со ракети како одговор на нападот со хемиското оружје врз цивилите во оваа земја, за кој Вашингтон ја обвинува сириската влада.

Нападната е областа во делот на Хомс-Шајрат, а огорчените напади траеле еден час, додека на сириската војска не и’ пристигнало појачување, дознава Спутник од доверливи извори.sad-sirija-napad

Истиот извор наведува дека станува збор за чудна коинциденција што Америка го напаѓа Шајрат.

Пратеникот на рускиот парламент, Дмитриј Саблин изјави денеска дека ниту еден Русин не бил повреден во ракетниот напад на САД врз воздухопловната база Ал Шајрат во Сирија. Саблин, кој е заменик шеф на испратените воени ветерани Воено Братство, изјави дека информациите ги дава врз основа на свои извори, објави Interfax, пренесува Reuters. Член на Комитетот за надворешни работи на Советот на Федерацијата на Русија, Игор Морозов, го споредува воздушниот напад на САД врз сириската воздухопловна база во провинцијата Хомс со бомбардирањето на Југославија и интервенцијата во Ирак.

Портпаролот на британската влада, изјави денес дека Велика Британија целосно го поддржува американскиот воен напад врз Сириската воздухопловна база, од која, како што тврди, неодамна биле извршени смртоносните напади со хемиско оружје во сириската провинција Идлиб.

“Британската влада целосно ја поддржува американска акција, која веруваме дека претставува соодветен одговор на варварски напад со хемиско оружје, кое беше спроведено од страна на сирискиот режим, и има за цел да се спречат понатамошни напади”, изјавил потпаролот на Велика Британија. Командата на сириската армија го евакуирала поголемиот дел од борбените авиони од воздухопловната база пред да ја погодат американските проектили, објави либанската телевизија Al-Majadin.tramp avion

Рускиот Спутник пренесува дека милитантите ИСИС ја нападнале сириската војска во исто време кога и американските воздухопловни сили.

Портпаролот на Пентагон, капетан Џеф Дејвис, изјави дека американската војска однапред ги информирала руските сили за нападот на сириската воздухопловна база и дека во нападот не се погодени делови на базата за кои се верува дека во нив се присутни Руси, а американскиот државен секретар Рекс Тилерсон вели дека Вашингтон “не барал никаква дозвола од Москва”, пренесува Reuters.

Дејвис изјавил дека американската војска имала “повеќе” разговори со руските сили пред нападот, користејќи линија на комуникација што претходно била основана со цел за спречување на случаен конфликт во Сирија во текот на борбата против Исламската држава. Иран денеска го осуди американски ракетен напад врз сириската воздухопловната база, нарекувајќи го “деструктивен и опасен”.

“Иран ја осудува употребата на хемиско оружје, но истовремено смета дека, да се искористи тоа како изговор за да се започне унилатерална акција, е опасно, деструктивно и претставува кршење на меѓународното право”, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Бахрам Касем, објави ISNA, студентска новинска агенција.

Касем истакна дека Иран остро ја осудува било која унилатерална акција. “Овие мерки ќе ги зајакнат терористите во Сирија и ќе ја искомплицираат ситуацијата во Сирија и во регионот”, појаснил.

Рускиот претседател, Владимир Путин, смета дека американските напади претставуваат сериозна пречка за формирање на меѓународна коалиција за борба против тероризмот.sirija vojska asad

Ракетниот напад кој САД го изведе во Сирија е “само еден” и се очекува да остане така, бидејќи во моментот не постојат планови за ескалација, изјави неименуван американски претставник за Reuters.

Овој службеник, кој инсистираше на анонимност, изјави дека верува дека нападот не претставува сигнал на големи промени во фокусот на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој сега е фокусиран на домашната политика.

Американски напад врз воздухопловната база во Сирија е чин на агресија – објави денеска сириската државна телевизија, цитирајќи воени извори.

“Американскиот акт на агресија против сириските воени цели, користејќи неколку ракети” гласела веста на Сириската телевизија, објавена наскоро откако САД објавија дека имало напад. Гувернерот на сириската провинција Хомс, Барази Талал, изјави за либанската телевизија “Al Majadin” дека во ракетниот напад на САД загинале шест лица, а повредени десет, додека опозицијата тврди дека се убиени петмина војници, а седум се повредени. Барази претходно за Reuters изјави дека не верува дека во нападот врз базата во близина на Хомс имало “многу жртви”, но дека материјална штета е направена. Опсерваторијата наведува дека во нападот биле уништени повеќе од 10 хангари, простории за чување на гориво и воздухопловната база. Екстремистичка организација на Исламска држава е активна во провинцијата Хомс, според американската агенција AP.

Русија ќе бара итна седница на Советот за безбедност на ОН, по ракетниот напад на САД врз воената база во Сирија, изјави претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата на Русија, Виктор Озеров. Тој додаде дека американските воздушни напади врз воздухопловната база во Сирија можат да ги загрозат напорите за борба против тероризмот, пренесува RIA новинската агенција. “Овој напад може да се види како акт на агресија на америка против нацијата на ОН”, рече Озеров.

Во исто време, Боливија побара од Советот за безбедност на ОН денес да одржи консултации зад затворени врати по ракетниот напад во Сирија, изјави висок дипломат на ОН.sirija avion rusija

Трамп во изјавата за новинарите во врска со нападот, изјавил дека нападот е од клучно значење за да се спречи можна идна употреба на отровен гас и ги повикал другите земји да се приклучат во обидот да се спречат “убиствата и крвопролевањето во Сирија”. САД истрелал 60 ракети “Tomahawk” со два брода во источниот Медитеран и ja подгодил воздухопловмната база во Сирија, Шаријат, од која полетале сириските воени авиони, осомничени дека го фрлиле хемискиот отров. Американските проектили ја погодиле целта во Сирија во 03:45 по локално време.

Трамп го наредил воздушниот напад без одобрување од Конгресот или поддршка од Обединетите нации. Белата куќа соопшти дека околу дваесет конгресмени од двете страни биле информирани за акцијата. Трамп изјави за новинарите, во неговото обраќање од Флорида, дека е ивршен нападот и рече дека нема сомнеж дека сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за нападот со хемиско оружје во вторникот, дека користел забранети гасови и убил многу луѓе. “Асад го угуши животот на беспомошни мажи, жени и деца”, изјави Трамп за новинарите.

Ова е прв директен напад на сириската влада и најдраматичната наредба на Трамп од кога тој стана претседател (пред малку повеќе од два месеци). Нападот, исто така ризикува да го впушти САД подлабоко во конфликтот кој неговиот претходник, Барак Обама, со години се обидуваше да го избегне. Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, кој е исто така во Флорида, каде што Трамп се состанува со кинескиот претседател Кси Џинпинг, ја оправда воената интервенција тврдејќи дека тоа е она што е потребно кога една земја ќе ја “премине линијата”. Тилерсон ја обвини Русија дека не го исполнила својот дел од договорот од 2013 година, според на Сирија требало да и се одземат резервите на хемиско оружје. “Русија едноставно не беше во можност да го исполни својот дел од договорот”, рече Тилерсон.

Пентагон соопшти дека Москва била однапред известена за нападот. Тилерсон за новинарите изјави дека “САД ги информираше Русите на теренот.” Претседателот на САД не го објави нападот однапред, иако тој и другите претставници од национална безбедност испратија неколку предупредувања до сириската влада во текот на вчерашниот ден. “Ова јасно покажува дека претседателот е подготвен да преземе одлучни акции кога е тоа потребно”, рекол Тилерсон. Американските службеници наведуваат дека нападите се складен, одмерен одговор, и дека не означуваат поголема промена во пристапот на администрацијата на Трамп во сирискиот судир. Трамп лично го известил својот гостин, кинескиот претседател, за тоа дека е извршен нападот. Сириската телевизија јавила дека е извршен напад на повеќе воени цели, и го нарекла “агресија”.

Рускиот амбасадор во ОН, Владимир Сафронков, неколку часа пред нападот предупредил за “негативните последици” во случај на воена интервенција во Сирија, откако во текот на денот пристигнувале предупредувања од американски службеници. Сафронков ова го рекол по состанокот на Советот за безбедност на ОН, на кој уште една било одложено гласање за резолуцијата со која би се осудиле сириските власти поради хемискиот напад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1