Треба да плати казна од 50 евра бидејќи го миел тротоарот


 

Александар Селешиј од Нови Сад полицијата го казнила со 50 евра поради тоа што со бунарска вода ја миел улицата пред својата куќа.

Инаку Александар пред својата куќа го миел тротоарот, а полицијата го казнила со образложение дека наводно граѓаните се јавиле и се пожалиле

“Полицаецот беше толку безобразен и на мене викаше во присуство на мојата мајка и пред соседот”, изјавил Александар

Веднаш потоа Александар заминал по својата лична карта во полициската станица. Таму во станицата полицијата му објаснила дека тој го прекршил членот 87 од законот –односно Одлуката за уредување на градот во кој се наведува дека е забрането валкање на улиците и тротоарите.

Полицијата дошла  наводно поради  тоа што  граѓаните се жалеле, а  Александар кога пристигнала полицијата бил предупреден, но тој одбил да престане да ја прска улицата со вода поради што полицијата му ја одземала личната карта и ја однеле во станица,а воедно му е препишана и парична казан во висина од 50 евра.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1