Требало да ја срушат по 3 месеци – а денес полни 125 години – симболот на Париз – Ајфеловата кула


Се навршуваат 125 години од кога во 1889 година во Париз е завршена Ајфеловата кула, тогаш највисока градба во светот.

ajfelova-kula500Металната кула со висина од 300 метри (сега околу 320 метри поради телевизиските и антените за мобилна телефонија), првично е планирана како експонат, воедно и главна капија за влез во Светската изложба со која е одбележана стогодишнината од Француската револуија.

Кога кулата е изградена, многу жители на Париз оценувале дека е грда и оти треба да биде отстранета, но со текот на времето таа стана симбол на градот и своевидно ремек дело.

Ајфеловата кула по двогодишната изградба инагурирана е на 31 март, а свечено е отворена на 6 мај 1889 година. Оттогаш таа е најпознатиот симбол на Париз и  годишно е посетена од над пет милиони луѓе.

Кулата името го доби по инженерот Гистав Ајфел (1832-1923), кој ја предводеше екипата експерти, а претходно се истакна како градител на мостови и вијадукти за железницата, но и за металната конструкција за Статуата на слободата.

На највисокиот кат од кулата сместена е реплика на канцеларијата на Ајфел и негова восочна фигура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1