Уште една експлозија синоќа ја потресе Русија. Во градот Касавјурт во републиката Дагестан експлодирала бомба при што животот го загубил случаен минувач, а двајца полицајци се здобиле со повреди.
Од Министерството за внатрешни работи на Дагестан соопштија дека бомбата експлодирала на раскрсница и дека се повредени двајца полицајци и еден пешак, кој подоцна им подлегнал на повредите.
На местото има инспектори, а полициски кучиња го пребаруваат подрачјето во случај да не има уште експлозивни направи.
Во два бомбашки напади во рускиот град Волгоград, животот го загубија 33 лица, а 65 се повредени.