Трета жртва на вирусот на грип од типот А


Шеесетгодишен пациент кој претходно боледувал од повеќе тешки хронични заболувања и кај кој бил изолиран вирус на грип од типот А, почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

infektivnaОд Инфективната клиника, соопшти Министерството за здравство, информираат дека пациентот бил хоспитализиран на 7 февруари со тешка клиничка слика, со воспаление на белите дробови и менингит (воспаление на мозок). Претходно, боледувал од повеќе тешки хронични заболувања, како што се тешко срцево заболување, покачен крвен притисок и со декомпензирана срцева слабост. И покрај сите преземени мерки за интензивно лекување, пациентот починал неколку часа по хоспитализацијата.

Во моментот на Инфективната клиника, на одделението за интензивно лекување има тројца пациенти со потешка клиничка слика, со претходни ризик-фактори и хронични заболувања. Исто така, по четворица пациенти со полесна клиничка слика на грип болнички се лекуваат во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за детски болести, кои се во добра здравствена состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1