Трета жртва од грип во Македонија – почина 74-годишна жена


Седумдесет и четиригодишна жена од Скопје почина од грип (инфлуенца А) на Клиниката за инфективни болести и е трета жртва оваа сезона.

infektivna1Лекарот Илир Демири од Инфективна  изјави дека пациентката била интензивно лекувана една недела на нивната клиника, откако бил потврден грип и масивна бронхопневмонија, а во последните 24 часа била на апарат за механичка вентилација.

Третманот со тамифлу бил неуспешен поради тешката здравствена состојба, дополнително компликувана од  други хронични болести – на белите дробови, хипертензија и бубрежна слабост.

Поради компликации од грип, на Одделот за интензивна нега на Инфективна има шест болни, од кои еден пациент е на механичка вентилација.

–  Интензитетот на прегледи е ист, но по едно мало затишје во последнава недела има потешки случаи со компликации. Во моментов имаме околу 110 болни на Клиниката и поголем дел се болни од грип, рече Демири.

Тој апелираше луѓето со симптоми на грип  да одат кај своите матични лекари кои имаат протоколи за лекување и знаат како треба да постапат во такви состојби. За тие со хронички болести, пак, препорача следната сезона да ја примат заштитната вакцина.

Kurir

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1