Третата светска војна веќе е почната


Во светот во тек е Трета светска војна против исламскиот екстремизам, која е различна од претходните и се одвива на речиси сите континенти, вели поранешниот шеф на израелската разузнавачка служба Мосад, Ефраим Халеви во интервју за чешката државна телевизија ЧТ.

mosad sefХалеви беше на чело на една од најпознатите тајни служби во септември 2001 година, кога се случија терористичките напади на облакодерите во Њујорк и има 33-годишно искуство со борбата против исламскиот тероризам.

– Ал Каеда е организација која е одговорна за нападите на речиси сите континенти. Има извршено напади на Блискиот Исток, во Северна Америка, во Европа, во места како Шпанија, Лондон, во Југоисточна Азија, Индија, Пакистан, Авганистан. Значи во однос на светот, ние сме во средината на глобален конфликт, вели Халеви.

Според Халеви, како што јави дописникот на МИА од Прага, за Мосад, во кој се вклучил по завршувањето на правните студии, не може да се каже дека е голема организација која има многу луѓе, илјадници или стоилјади во целиот свет.

– Кога Израел беше во можност за само три и пол часа да ги уништи сите египетски воздухопловни сили, тоа значеше дека ние знаевме каде е секој воен авион и бомбардер. Кога сакавме да знаеме кое е вооружувањето на другата страна бевме во можност да префрлиме  авион Миг-21 од Ирак во Израел во 1963 година, рече 75-годишниот правник кој се уште не може да говори за многу операции.

Халеви денес најмнору го цени веќе познатото шпионско поглавје – тајното спасување на етиопските Евреи. За десет години од Судан се спасени 20.000 луѓе.

Токму Халеви во 1994 година го убедил јорданскиот крал Хусеин да склучи мир со Израел.

Три години подоцна се справил и со скандалот по неуспешниот обид на Мосад за атентат врз шефот на терористичката организација Хамас.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1