ТРЕТО ОКО симболот на Масоните и Илуминати – еве што е неговото значење


1349024322_third-eyeТрето око исто познато како и внатрешно око, е мистичен и езотеричен концепт кој се однесува на шпекулативно невидливо око, кое овозможува перцепција надвор од обичните погледи.

Во одредена драматична духовна традција, како хиндуизмот, третото око се однесува на портата која води кон внатрешна рамка и простор на повисока свест.
Во духовноста на новата доба, третото око често симболизира состојба на просветлување или евокација на менталните слики кои имаат длабоко лично или духовно психолошко значење.

treto okoТретото око често е поврзано со религиозни визии, прозорливост, способноста да се набљудуваат чакри и аури, препознавање, и искуства надвор од телото.

Луѓето кои тврдат дека имаат капацитет да го користат третото око, понекогаш се познати и како гатачи.
Жлездата во форма на шишарка (исто така наречена и шишарковидно тело или третото око) е мала ендокрина жлезда во рбетниот мозок.

Таа произведува серотонин дериват, мелатонин, хормони кој влијаат на модулацијата на будењето/спиењето.

Според обликот наликува на шишарка и се наоѓа во центарот на мозокот, меѓу двете хемисфери.
Окото на Хорус е египетски симбол на заштита, кралска моќ и добро здравје.

799px-Wedjat_(Udjat)_Eye_of_Horus_pendantОлицетворено е во божицата „Wadjet“, а исто така е познато и како „Окото на Ра“. Името Wadjet е изведено од „wadj“ што значи зелено, па оттука и се нарекува „зеленото“.

Им било познато на Грците и Римјаните како „uraeus“ од египетските „iaret“ што значи „воскренатиот“, како сликата со кобра која што се крева во заштита.
„Wadjet“ беше една од најраните египетски божества која подоцна се поврзува со други божици како „Bast“, „Sekhment“, „Mut“ и „Hathor“. Таа беше покровителско божество на Долен Египет.
Хорус бил древен египетски бог на небото кој обично се прикажувал како сокол. Десното око било поврзано и со сонцето Ра. Ваквиот симбол го претставувал маркот околу очите на соколот.

Во еден мит, кога „Set“ и „Horus“ се бореле за тронот по смртта на Озирис, Сет го извадил левото око на „Horus“. Кога окото на Хорус било обновено тој му го подарил на неговиот татко, Озирис, во надеж да го поврати неговиот живот.

Eye_of_Horus_bw.svgОттука окото на Хорус често се користи како нешто кое што симболизира жртва, исцелување, реставрација и заштита.
Постојат седум различни хиреоглифи кои се користат за да го претстават окото. Многу често во Египет се користи „ir.t“, кое што често означува „да се направи или не“, или пак „оној кој го прави“.

Во египетскиот мит окото не бил пасивен орган за вид, туку повеќе како еден вид на агент на акција, заштита или гнев.

Математика

Во древниот Египет повеќето фракции биле напишани како збир на две или повеќе единици фракции (фракција со 1 како броител), која опишува поседување на табли од одговори. Така наместо 3/4 , се пишува ½ + ¼
800px-Oudjat.SVGРазлични делови од окото на Хорус биле користени од страна на античките Египќани, како броеви
Десната страна на окото =1/2
Веѓата = 1/4
Левата страна на окото = 1/8
Окото подоцна го идентификувале со божицата на војната на Долен Египет, „Bast“ која делувала и во една друга симболична фигура на нацијата, „Wadjet-Bast“, која пак се појавува во улога на лавица, „Wadjet-Bast“ често била прикажана и како глава на лавица.
Откако Долен Египет бил освоен од страна на Горен Египет, по што се обединиле, божјата лавица на Горен Египет, „Sekhmet“ била видена како помоќна од двете воини божици.
„Wadjet“ не треба да се меша со египетскиот демон Арер, кој исто така е претставен како змија во египетската митологија.

Други традиции

416px-Shiva_Musée_Guimet_22971Во некои традиции како хиндуизмот третото око наводно се наоѓа на средината на челото, малку над спојот на веѓите. Во други традиции, како и во Теософијата, се верува дека е поврзано со жлездата во форма на шишарка. Според оваа теорија, луѓето во далечното минато имале трето око во задниот дел на главата со физичка и духовна функција. Со текот на времето, како што човештвото станало се повеќе физички, а помалку духовно, окото атрофирало и потонало во она што денес е познато како шишарковидна жлезда.

Во таоизмот

Во таоизмот голем број на традиционални кинески религиозни секти како што е Чан, третото око вклучува фокусирње на вниманието на точката меѓу веѓите со затворени очи, и додека телото е во различни пози. Целта на оваа обука е да им се овозможи на луѓето да се вклучат во точните вибрации на универзумот и да добијат солидна основа врз која ќе стигнат до повисоки нивоа на медитации.

Во христијанството

799px-Wedjat_(Udjat)_Eye_of_Horus_pendantСпоред учењето на отец Ричард Рох, концептот на третото око е метафора за недуалистички размислувања. Во неговиот концепт, првото око претставува еден вид на сензор, додека второто око го претставува разумот, медитацијата и рефлексијата. Притоа не доаѓа до мешање и забуна за длабочината на точните идформации со трансформацијата на свеста во себе си.
„Тоа се случува кога од страна на некоја чудесна случајност, нашето срце, простор, ум и нашето тело и свест истовремено се отворени и неотпорни. Тоа го нарекувам присуство. Тоа се доживува како момент на длабока внатрешна врска и секогаш го извлекува од тебе, интезивното задоволство, голото и неодбранетото сега, кои можат да вклучат и длабока радост и длабока тага во исто време“, вели Ричард.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1