Две малолетни сестри од Виена во саботата навечер излегле да купат цигари и исчезнале без трага. Со себе понеле пасоши, па постои сомнение дека заминале да им се приклучат на џихадистите.
16-годишната Викторија и 17-годишната Виолета по потекло се од Турција, а според зборовите на нивната мајка тие најверојатно заминале на џихад. Во саботата околу 23 часот тие рекле дека ќе одат до автоматот во близина да купат цигари и од тогаш им се губи секаква трага.
Мајката додала дека девојките во моментот кога заминале на себе носеле само џемпери. Не облекле јакни, не понеле клучеви, ниту пак земале нешто од нивните лични работи. Меѓутоа, подоцна забележала дека недостасуваат нивните пасоши.