Конечно станала мајка откако 2 пати имала спонтан абортус-лекот чинел „5 пари“


Таа поминала речиси една декада во пробувајќи ин витро оплодување, а во меѓувреме имала два спонтани абортуси.

Сара Бродфилд (34) речиси се помирила дека никогаш нема да има дете, кога минатиот ноември дознала дека останала бремена, пишува Дејли мејл.baby

Младиот брачен пар ги собрал сите средтсва кои ги имале заштедено, се позајмиле од своите родители и платиле за третманите за ИВФ. По три неуспешни обиди, Сара конечно останала бремена.

Кога го посетила гинекологот на редовен 6-неделен ултразвук, се изгледало совршено, но, по две денели вториот ултразвук покажал дека таа имала спонтан „тивок“ абортус и дека бебето престанало да се развива во матката.

-Тоа беше срцепарателно, но сепак позитивен знак беше тоа што успеав да останам бремена. А кога по втро пат имав спонтан абортус, се запрашавме дали навистина нешто не е во ред, објаснила таа.

Кога се случил вториот спонтан абортус, парот ја посетил клиниката во Ливерпул, специјализирана за откривање зошто жените доживуваат спонтан абортус, каде направиле анализа на крвта.baby4

Резултатите покажале дека таа имала синдром кој го нарушува имуниот систем и го зголемува ризикот од згрутчување на крвта.

Оваа состојба не објаснила зошто таа неуспева да остане бремена, но дала совршено објасување зошто доживува спонтани абортуси.

-Бев навистина среќна кога дознав што не е во ред со мене, а решението беше многу едноставно, додала таа.

Докторите ја советувале да пие по еден аспирин на ден, а со тоа ќе го намали ризикот од трет спонтан абортус доколку повторно остане бремена.

7-от  ИВФ успеал, а таа останала бремена по трет пат и носела близнаци, па почнала секојдвено да конзумира аспирин како и инјекции кои го спречуваат згрутчувањето на крвта.

За жал само едниот плод  успеал да преживее…сепак парот бил пресреќен што барем едното бебе се развивало нормално.

По девет месеци, нејзиниот син Алфи дојде на свет, во август 2014.

-Конечно го држам Алфи во моите раце. По се што поминавме, ова е дефинитивно најубавиот момент во мојот живот. Сетоа ова стана возможно поради тоа што пиев по еден аспирин на ден, изјавила таа.

Денес, тие се горди и среќни родители на Алфи кој е сосема здрвао бебе.

-За нас аспиринот направи магија, објаснуваат среќните родители.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1