Три деца го загубија животот во лизгање на земјиште во Кенија


Три деца ги загубија животите во лизгање на земјиште во селото Магина, Лимуру во Кенија. Шест членото семејство настрадало во лизгање на земјиште што е предизвикано од поројните дождови што ја зафатија целата држава.

lizganje-zemjiste-kenijaТаткото заедно со своите 5 деца биле затрупани во несреќата. При несреќата таткото и две од децата успеале да преживеат, а останатите 3 деца ги загубиле своите животи. Мајката на петте деца во тој момент не била на местото на лизгањето на земјиштето. Телата на починатите откако биле извлечени биле пренесени на обдукција, и надлежните органи го потврдиле инцидентот и истакнаа дека околу 150 семејства во областа се погодени од лизгањето на земјиштето.
Жителите на погодените области очекуваат да бидат евакуирани на побезбедни места. Според последните извештаи, патот кон болницата во Кијабе бил отсечен и е затворен за сообраќај со цел да се спречат дополнителни несреќи. Поројните дождови предизвикаа хаос во областа и резултираа со уривање на еден мост.
Исто така е потврдено дека поројните дождови предизвикаа прекин и на железничкиот сообраќај во областа на Кијабе.
Процена на погодените подрачја се спроведува од страна на тимот на Кенискиот Црвен Крст од одделенијата во Лимуру и Наироби.
weather4all.com.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1