Две машки и едно женско бебе се првите родени бебиња во оваа година на територијата на градот Скопје. Бебињата се родените на Клиниката за гинекологија во Скопје во една минута по полноќ.
Едното бебе е машко и е трето дете во семејството, а другите се близначиња и се први деца.
Машкото бебе е тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри од мајка Јована Андоновска Буриловска, родена 1978 година од Скопје, општина Карпош, додека другата родилка е Александра Андонова родена 1982 година која родила близнаци и тоа женско кое е тешко 2 килограми и 290 грама и долго 47 сантиметри, а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама и долго 48 сантиметри.