Три години затвор за Мијалков, затвор и за Тачи, Срцев, Ибраими и Стефановска


Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков е осуден на казна затвор во траење од 3 години за предметот на СЈО „Титаник 2“.

За истиот предмет, затворска казна од 3 години и 2 месеца, за злоупотреба на службената положба и овластување, Судот му изрече на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а поранешниот член на ДИК од редовите на таа партија, Бедредин Ибраими доби казна затвор од 4 години и 6 месеци.

3 години затвор е пресудено и за поранешниот член на ДИК, Сашо Срцев, а исто толку ќе треба да одлежи и Анета Стефановска.

Сите осудени, освен Мендух Тачи беа присутни во судницата.

Според обвинението, од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1