Три починати лица во Скопје – на кеј, во затворот Шутка и на пазарчето во Чаир


Од скопската полиција потврдија дека претпладнево имале интервенција на три локации каде било пријавено дека се најдени три починати лица од машки пол.

На скопскиот кеј покрај Вардар утрово околу 9:50 човек што трчал на патеката се струполил и паднал. Повикана е итна помош и полиција, но откако е констатирана смрт на човекот отворена е истражна постапка. Полицијата на лице место не можела да го утврди идентитетот и возраста на починатиот.

Во затворот Скопје во Шутка, рано утрово околу 4:10 во келија е најден починат 47-годишен притвореник од Ресен. Веднаш е известена полицијата, а телото на притвореникот е предадено на обдукција.

На пазарчето во Чаир претпладнево постар човек починал по што е повикана полиција и итна помош. Телото е предадено на семејството.

Ниту еден од тројцата починати засега не се поврзаува со заболување од Ковид-19, а на телата на починатите според првичните прегледи немало знаци на насилство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1