Три жртви во поплави во Романија, жена ја однесе надојдена река, а маж се удави


Најмалку три лица загинаа, а стотици се спасени во текот на силните бури и обилните врнежи кои ја погодија Романија.

Министерството за внатрешни работи на Романија соопшти денеска дека 760 луѓе се спасени или евакуирани, и дека 20.000 работиници од итните служби работат на терен, пренесува АП.

Маж кој поминувал река на коњ денеска се удавил откако го однела водата. Една жена се удавила во источниот дел од Романија откако ја однела надојдена река. Третата жртва е маж кој настрадал додека собирал зеленчук.

Романските власти соопштија дека пет национални автопати се поплавени, а во прекин е и пругата во средншниот дел од Романија.

Во неколку места во земјата дошло до прекин на струјата и властите го следат растот на водостојот на две реки во северна Романија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1